Англичаните и со судии се спасуваа од Украина (видеа)

Англија и Франција се последните патници во четвртфиналето на Европскиот шампионат, тоа е епилогот по вчерашната разврска во Групата Д.

Англија го совлада домаќинот Украина и по поразот на Франција од Шведска стигна до првото место во групата. Французите и покрај поразот како второпласирани патуваат во четвртфиналето а нивниот следен натпревар е против актуелниот светски и европски шампион, Шпанија.

{youtube}bf7wpubnyIE{/youtube}

До триумфот Англичаните стигнаа со погодокот на Вејн Руни во 48 минута кој умешно го искористи киксот на одбраната на домашните на чело со голманот Пјатов. Но, за да остане непоразен и првопласиран во групата гордиот Албион може да им се заблагодари и на судиите кои во 62 минута не видоа очигледен погодок на Девиќ.

{youtube}eRryymgMQJY{/youtube}

Иако пред неговиот гол претходеше очигледна офсајд позиција сепак откако дозволија акцијата да продолжи судиите не признаа и очигледен погодок. До крајот Украинците доминираа, имаа уште неколку убави можности, но не успеаја да ја затресат мрежата на Харт.

Токму благодарение на победата на Англија, Французите патуваат во следната рунда натпревари и покрај поразот од 2-0 од Шведска која веќе од претходно беше отпишана. Стрелци за Швеѓаните беа Златан Ибрахимовиќ во 54 минута и Ларсон во 90 минута. Како првопласирани Англичаните на 24 јуни во четвртфиналето ќе играат со Италија, додека еден ден претходно Франција го игра натпреварот со Шпанија.

 

- Реклама -