Ништо од мерката со која требаше да се делат субвенции од 3.000 евра за замена на старите со поеколошки (макар и половни) автомобили со Еуро 5 и 6 стандард, како и да се намали данокот на додадена вредност за увоз на вакви возила.
Мерката беше најавувана од министерот за економија Крешник Бектеши, но министерката за финансии не ги одобрила предвидените пари за оваа мерка при планирањето на буџетот. Според неа, мерката нема да го даде посакуваниот резултат, па парите ќе се пренаменат некаде каде што ќе дадат подобар ефект, пренесува „Алсат“.
Според Бектеши, клучната причина е ограничувачкиот фактор од „прв дојден, прв услужен“, кој е задолжителен при сите јавни повици. На тој начин, ако се предвидеа директни средства, субвенции ќе можеле да добијат само 500 до 1.000 граѓани кои ќе се откажат од старите возила, иако се очекува бројка што може да биде и многу поголема од тоа. „А што ќе направевме ако други 3, 4, 5 илјади граѓани го побараа истото?“, објаснува Беџети, најавувајќи дека не се откажуваат од намерата да го обноват возниот парк и дека ќе се работи на други мерки без лимитирачки фактор, односно што ќе опфатат повеќе граѓани, како и на законски решенија без директни финансиски импликации врз буџетот.