Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се работи за обид за заштита на некои нивни истакнати членови, почнувајќи од почесниот претседател… пред се се работи за сокривање на огромен криминал кој што беше направен во тој 10-годишен режим на Никола Груевски. Верувам дека Мицкоски му должи, затоа што е поставен претседател на партијата и тука ја гледам целата борба, да се избегне кривична одговорност. За жал, тоа успешно го направија. Видете колку предмети застареа, рече Стојанче Ангелов, во “Само Вистина” на Канал 5.
-Се појави сомнеж дали власта е искрена во намерата да расчисти со одреден криминал направен во времето на Груевски. Јас знам дека е искрена, но едноставно начинот на којшто сега се одвиваат судењата и Законот за кривична постапка оневозможуваат одредени судења да бидат благовремено завршени, рече Ангелов.