Ангелов: Охис е безбеден, нема опасност од труење, експлозија или ширење на пожарот

Охис е обезбеден, пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат. Нема опасност за граѓаните ниту од експлозија, ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, соопшти на Фејсбук директорот на ЦУК – Стојанче Ангелов, откако попладнево избувна пожар и во кругот на фабриката Охис.

Како што изјави заменик-командирот на Противпожарната единица од Скопје – Ѕвонко Томески, за „Канал 5“, претходно потврди дека гаснењето е при крај, односно се работи за догасување на пожарот.

Во однос на тоа како започнал пожарот, Томески посочи дека тоа ќе треба допрва да се утврди, но откри дека во кругот на фабриката имало горење на три независни места.

Догасување и расчистување на теренот е потребно и за да се утврди дали горела депонијата со линдан, изјави Томески.

При гаснењето на пожарот во Охис, еден пожарникар е пренесен во болница поради вдишување чад.

- Реклама -