Нема потреба од паника и од вознемиреност на населението, затоа што не е загрозено ниту Богданци, ниту некое друго населено место, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов во видео објавено вечерва на нивниот канал на „Јутјуб“, за пожарот во овој регион.
Ангелов потсети дека му се дало приоритет на овој пожар, биле испратени шест „ер трактори“, во текот на вчерашниот ден и хеликоптери. Тие помогнале, но, како што рече, за жал, не е воспоставена контрола.
На пожарот интервенирале лица од доброволните противпожарни друштва од Валандово и од Дојран, како и валандовски професионални пожарникари, но и од Гевгелија, Кавадарци и од Струмица.