Пожарите се шират со чудно голема брзина, а во дел од случаите зачудувачки е и воопшто како започнуваат и како се шират, истакна на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) – Стојанче Ангелов.
Нарекувајќи ги „сомнителни“ и „необјасниви“ причините за настанување на дел од пожарите, особено во толку голем број и толку одеднаш, како и нивното ширење, Ангелов посочи дека постојат сознанија за намерно палење, потенцирајќи притоа дека полицијата работи на расчистување на случаите.
Дури и во пожарот во Скопје во фабриката „Охис“, заменик-командирот на Противпожарната единица од Скопје – Ѕвонко Томески, немаше одговор за причината на пожарот, посочувајќи дека огнот горел на три независни точки во кругот на фабриката.