„Дебел“ ѕвезден диск составен од постари ѕвезди бил идентификуван во галаксијата Андромеда. Ова откритие во најблиската голема галаксија ќе им помогне на научниците подобро да ги разберат процесите поврзани со еволуцијата на галаксиите.
Во пет годишна студија научниците ги анализирале брзините на индивидуални ѕвезди во соседната галаксија. Тие забележале група ѕвезди кои формираат дебел диск – различни од оние кои го формираат тенкиот диск – и процениле како овие ѕвезди се разликуваат од оние во тенкиот диск. Околу 70 проценти од ѕвездите во Андромеда се наоѓаат во тенкиот диск. Овој диск ги содржи спиралните краци кои ги означуваат регионите во кои доаѓа до активна формација на ѕвезди.
Предводникот на студијата, Мишел Колинс од Институтот за Застрономија на Универзитетот Кембриџ, изјавила: „Од набљудувањето на нашиот Млечен Пат и останатите спирални галаксии кои се наоѓаат релативно блиску до нас знаеме дека ваквите галаксии обично имаат два ѕвездени дискови, ,дебел’ и ,тенок’ диск.“ Дебелиот диск се состои од постари ѕвезди чии орбити ги носат по ,дебела’ патека – патека која се наоѓа над или под тенкиот диск. „Класичните тенки ѕвездени дискови кои најчесто ги гледаме во сликите од телескопот Хабл се резултат на акреција на гас кон крајот на формирањето на галаксијата, додека дебелите дискови се настанати во многу порана фаза во животот на галаксијата, што значи дека се идеални маркери за процесите од кои е составена еволуцијата на галаксиите.
Процесот на формирање на дебели дискови сè уште не е доволно добро разбран. Претходно најлесен начин за разбирање на ваквите структури беше преку проучување на дебелиот диск во нашата галаксија. Но, голем дел од дебелиот диск во нашата галаксија е надвор од нашто видно поле. Откритието на слична формација во Андромеда овозможува подобар поглед на спиралната структура. Астрономите ќе можат да ги одредат особините на дискот во целата галаксија и ќе ги бараат карактеристиките на настаните поврзани со настанокот на галаксијата. [Scientists find thick stellar disk in Andromeda Galaxy for the first time]