Google работи напорно по завршувањето на Android L , а тоа не е изненадување за никого.
Системот ќе биде пуштен до крајот на годината, а додека многумина се прашуваат кои уреди ќе ја добијат оваа сериозна надградба, знаеме дека има и такви кои се апсолутно сигурни кандидати за новиот Android L – Galaxy S5 и Galaxy Note 4. Тие се последните предводници на Samsung за оваа година и тоа ги прави првенци во листата со уреди кои ќе добијат надградба.
Гласините се дека месец декември ќе ги израдува сопствениците на овие Samsung уреди.
Samsung секогаш се заглавуваат со надградба. Иако уште не е објавен датумот за почетокот на Android L, Samsung се зафатиле сериозно со работата и гласините се дека компанијата е подготвена со надоградба во најкусо време по неговото пуштање.
Тука нема како да не се завидува на сопствениците на Apple уредите, кои го добиваат новиот оперативен систем истовремено без да чекаат … многу.