Надградбата на софтверот со Android 4.4 KitKat ќе донесе повеќе визуелни промени како нов почетен екран, нови анимации и позадини, но освен козметичките дотерувања има и повеќе квалитетни промени во самиот систем за поголема фунцкионалност.
Тука може да се спомене новиот начин на повикување кој е многу посoдржаен при приказот на телефонските контакти каде може да сместите многу податоци, но што е најважно повикувачкиот број е во центарот на вниманието и лесно и брзо ќе може да се јавите на бараната личност.
Од функционалните промени кај Android 4.4 KitKat може да ја издвоиме ефикасноста на батеријата со подобрувањето на повеќе опции кои нема да трошат многу енергија, како слушањето музика, па отсега не треба да се грижите многу кога ќе ги слушате омилените песни.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk