Андреа ја напушти куќата на Големиот Брат, учесниците пред нова тајна задача

Откако во куќата влезе Гиба, водителката Антонија ги номинираше Луча, Горан, Ивона и Андреа. По изброените гласови, трансицата Андреа го напушти шоуто.

Во разговор со водителите, таа единствено се пофали на недостатокот на цигари во куќата. – „Со сите бев добра и фина, освен со Зорица што имав мал конфликт, па затоа би сакал и она да испадне од шоуто.“ „Горан го покажа она што го знае, најмногу да готви, а Зорица знае да готви само пилешко со јајца, и таа само сака да биде во центарот на вниманието, а јас такви луѓе мразам“.

andrea-e1442612649349

Горан доби нова задача од  Големиот брат. Тој доби 10 000 евра од семејството Васиќ. Горан треба да одлучи дали со некој ќе ги подели парите или ќе ги задржи за него. Тој реши парите да ги подели со Бранислав Крстиќ. Но ако ги поделат парите по 2500 евра за секој од нив тогаш во куќата нема да има храна 4 дена, а ако ги поделат по 5000 евра нема да имаат 6 дена храна. Големиот брат остава на нив да одлучат.

hqdefault

- Реклама -