Советникот на опозицискиот лидер Мицкоски, Стефан Андоновски во Детектор вели дека младите си заминуваат за да си го зачуваат достоинството!
„Прашањето на иселувањето кај младите станува прашање на достоинство, односно на немање на достоинство. Ако пред неколку години дискутиравме дека стапката на невработеност кај младите е многу висока и заради тоа младите се иселуваат, денеска зборуваме за други причини, за други дополнителни проблеми со кои младите се соочуваат.
‘Па така знаеме за обвинители кои добиваат плати од 3.500 – 4.000 евра, или деновиве дознавме дека добиваат бонуси од над 170.000 евра додека младиот човек се мачи за плата од 15-16.000 дури и на влезни позиции во јавната администрација. “ – вели Андоновски за Детектор
Иван Јованов од Мрежата за спречување на одливот на мозоци вели дека две третини од младите си одат поради финансиски причини, но голем е бројот и на оние кои се фрустрирани од целокупниот амбиент во кој што функционира државата.
Повеќе ТУКА.