Во саботата, Анџелина Џоли наполни 41 година. По тој повод Bored Panda споделува колекција од фотографии направени од фотографот Хари Ленгдон, од пред 26 години, на една од првите фото-сесии на Џоли. Во тоа време, Енџи имала само 15 години, ама фотографот не го знаел тоа. Му било кажано дека има 18. Којзнае зошто…
„Обично, пред да почнам нова сесија, се обидувам да дознаам повеќе околу мојот нов клиент. Мојот агент во тоа време, ја сокри вистинската возраст на Џоли од мене, бидејќи мислел дека ако знам, тоа може да се испречи во начинот на кој работев со неа. Ми беше кажано и мислев дека има 18, а судејќи по нејзината сензуалност, многу брзо стекнав доверба во неа. Никогаш не ѝ се доближив на било каков начин, бидејќи штом еднаш фотографот ќе ја помине таа забранета линија, субјектот станува инхибиран. Па така, Анџелина самата ‘дојде до камерата’. Без рестрикции. Јас само се повлеков и ѝ дозволив да настапува. Одвај реков нешто повеќе од ‘сврти се лево, сврти се десно’. Немаше потреба од разговор“, вели (можеби и се правда) Ленгдон за Bored Panda.
Ај и ние малку да се преправаме дека Џоли тука има 18.