Анџелина Џоли ќе ја заврши кариерата со „Клеопатра“

Анџелина Џоли (38) неодамна изјави дека планира да и стави крај на актерската кариера и да се посвети на работата на Обединетите Нации.Тоа го потврди со нејзината последна изјава, која што се однесува на улогата на Клеопатра, која што размислува да ја прифати.

„Постојат многу различни идеи на режисерите и многу дискусии. Ова е една од улогите за кои чувствувате дека мора да вложите се во нив и дека тоа ќе биде крајот на патот“ , изјавил Џоли.

Во моментот во светот се прикажува нејзиниот нов филм Maleficent, во која таа ја глуми главната улога и кој досега заработил 69,4 милиони долари.

- Реклама -