Анализа на екс-амбасадорот во Франција: Три причини поради кои Макрон ја кочи Македонија кон ЕУ

Тоа што Франција токму сега се чини силно ја притиска кочницата за почеток на преговорите на земјава со Европската унија, е резултат од повеќе фактори, оценува поранешниот амбсадор на Македонија во Франција (од 2010 – 2015-та) – Агрон Буџаку, за „Фактор.мк“.

Според него, се работи за комплицирана ситуација, која тој ја сведува на три главни причини, односно аспекти. Едната е што Франција е претседателска држава па оттаму Макрон е најмоќен меѓу европските претседатели, и тоа претседател кој има јасна амбиција Франција да ја позиционира меѓу главните фактори во европската но и светската политика.

Втората, а поврзана со оваа претходно, е крајот на четвртиот мандат на Меркел и најавата дека ќе се повлече, поради што Макрон во блиска иднина се гледа себеси како главен одлучувач и главна фигура која ги држи конците во Европската унија.

Третиот аспект, според Буџаку, е внатрешната политика во Франција, во која европроширувањето е една од главните теми во една поширока смисла – не само на проширувањето на Унијата, туку и на ставот кон „другите“, односно емигрантите, неФранцузите и останатите неЕУ граѓани:

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

„Тој став одамна се создава, уште додека јас бев амбасадор, но сега сѐ повеќе се интензивира таа ксенофобична политика. На таа карта играат популистите, а таму Народниот фронт на Мари Ле Пен, партија што води националистичко-популистичка политика, има големо влијание и добива сѐ повеќе гласови. И за жал, лично констатирав дека во тој наратив и во таа реторика влегоа и другите мејнстрим партии, па наместо таа политика да се игнорира, секогаш е тема на избори, што се случува во услови кога главните партии немаат што да им понудат на граѓаните, пред сѐ, на економски план“, вели Буџаку. Сепак, тој е оптимист, а открива и што би било соодветна компензација ако повторно се одложи почетокот на преговори на Македонија за членство во Унијата. Прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -