Аналитичарот Арсовски снимен на вечера со Димитров и на „консултации“ во Влада (ВИДЕО)

Во еден ист ден објавени две снимки што навидум баш и не одат во прилог на „независноста“ на познатиот аналитичар Петар Арсовски. Прво Фејсбук страната „Следиме“ објави фотографија на која аналитичарот е во друштво на министерот за надворешни работи Никола Димитров, а потоа и порталот „Инфомакс“ објави видео на кое се гледа како Арсовски во вечерните часови пристигнува и влегува во зградата на Владата.

На фотографијата снимена во скопска кафеана во друштво на Димитров, покрај Арсовски, се и една за јавноста непозната личност, како и новинарката Катерина Синадиновска која има своја емисија за ЕУ на МТВ и известуваше за јавниот сервис од самитот во Брисел, пишува „Инфомакс“.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

Според „Инфомакс“, видеото во продолжение е снимено вечерта пред премиерот Зоран Заев да одржи прес-конференција на која соопшти дека ќе побара предвремени избори, откако цел претходен ден го помина далеку од очите на јавноста и во консултации на повеќе нивоа, по недобивањето на датумот за почеток на пристапни преговори со Европската унија.

Во една од последните емисии на „Само вистина“ на „Канал 5“, токму Арсовски беше еден од гостите и соговорник на Димитар Апасиев од Левица. Апасиев ја доведе во прашање „независноста“ и кредибилитетот на Арсовски и го обвини дека е апологет на власта. Арсовски негираше.

- Реклама -