Најпопуларната Мисица на Југославија од 1982 година, 51-годишната Ана Сасо е како виното – колку е постара тоа е подобра.
Со беспрекорната линија ги магепса сите на забава во Сплит што се одржа викендов. И по три децении, таа се уште плени со убавината.
Сасо е родена во 1963 година во Хрватска, а во 1982 беше избрана за најубава жена во цела Југославија. На натпреварот Мис на светот се квалификуваше во првите 15 убавици. Со годините таа стана симбол на женската убавина во Хрватска и до ден денес е едно од најпознатите лица од поранешна Југославија.