АМСМ: На „Табановце“ се чека до 30 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, како што велат од АМСМ, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен

На граничниот премин „Табановце“ е зголемена фреквенцијата на возила, а времето на чекање за влез во земјата е до половина час, информира АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, според соопштението на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

„Поради вршење на градежни активности и проширување на регионалниот пат Р1109 делница Понов мост, влез во Богданци од денеска е воведен временски режим во сообраќајот“,

велат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност за појава на одрони.

„Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,

велат од АМСМ.

- Реклама -