АМСМ: Метеж на „Табановце“, за влез и излез од државата се чека и по еден час

Инаку, според Министерството за внатрешни работи (МВР), изминатиот период зголеменото чекање на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава е поради прогласено црвено ниво на безбедносен ризик за тероризам во Република Србија

На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата времето на чекање е од 45 минути со еден час, информира АМСМ.

Оттаму велат дека на другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Инаку, според Министерството за внатрешни работи (МВР), изминатиот период зголеменото чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од земјава е поради прогласено црвено ниво на безбедносен ризик за тероризам во Република Србија.

„Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастанатата состојба“,

информираа од МВР.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, според АМСМ, е зголемен, па затоа препорачуваат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сигнализација и внимателна да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има и појава од одрони.

Забрана за тешки возила има од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија, а се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

- Реклама -