Амнестија побарал и Панче Ангелов

Меѓу 38-те барања за амнестија поднесени до моментов е и барањето на 66-годишниот Панче Ангелов. Ангелов беше осуден на четири години затвор за дело „насилство“ поради тоа што ја искуба Радмила Шекеринска при упадот во Собранието лани на 27 април. Неговиот адвокат, за МКД.мк, потврдил дека е поднесено барање за амнестија.

За време на судењето, Ангелов ја призна вината и рече дека се кае за делото, за кое законот предвидува казна од 3 до 10 години затвор. При читањето на пресудата, судијката Џанета Бектовиќ порача дека неговата пресуда ќе служи за пример за останатите граѓани. Ангелов бараше затворска казна да му биде преиначена во условна, но Апелација го одби.

Прочитајте и:  Агелер: Честитки до Шекеринска и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура

Според Законот за амнестија, помилување не можат да добијат:

• организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања
• лицата кои извршиле физичко насилство
• лицата под фантомки
• лица кои носеле оружје и експлозивни материи
• службени лица кои ги пречекориле своите овластувања

- Реклама -