Американците и Русите ќе одат на Месечината, заедно

moonfoot

Во минатото, NASA беше категорична дека нема во скоро време да оди пак на Месечината, но изгледа дека партнерство со Русија може да ги премисли.

Интернационален тим од руски и американски научници веќе започна заеднички проект на соработка, и размислуваат за можноста повторно да пратат луѓе на Месечината. Меѓународната вселенска станица (ISS) е пред пензија (во 2024 ќе ја урнат во Пацификот), па американската и руската вселенска агенција се во позиција да одат во нови авантури. Не само тоа, туку евентуалната база на Месечината би значела добар пит-стоп за идните мисии кон Марс, за кои NASA е многу повеќе заинтересирана отколку за враќање на Месечината. Русите пак, без SLS ракетата на Американците, тешко дека во следните неколку декади ќе им успее да изградат слична и да стигнат на Месечината.

Згора на тоа, двете страни меѓусебно се надополнуваат во експертизата на ова поле. Америкаците се добри и поиспраксирани во лансирања и вселенски мисии. Русите, пак, се добри во создавање на вселенски „населби“.

ALTAIR-lunar-lander[1]

Лендеров на сликата е прелиминарен дизајн на NASA, наречен ALTAIR, за кој планот е  да однесе четворица астронаути на месечината. Ако тимот се реши да ја остварува најлудата идеја, лендеров ќе остане приземјен на Месечината цели 400 дена, каде што астронаутите и научниците ќе истражуваат во насока на идните експедиции на Марс.

Освен инженерските и технолошките благодети што американско-руското научно-вселенско партнерство може да ги изроди, двете вселенски агенции се надеваат и дека истото ќе ублажи дел од политичката тензија меѓу двете суперсили.

Како и да е, NASA е отворена за враќање на Месечината, под услов Русија или Европската Вселенска Агенција да го преземат водството, за NASA да може да се фокусира на Марс.

Со здружени сили, вселенската иднина изгледа многу посветла.

- Реклама -