Во САД забрзано се намалува залихата на сланина. Малку им фали да го достигнат минимумот во оваа половина на веков, од 1957 година.
Залихите на свинско месо моментално изнесуваат 8.000 тони. Ситуацијата е предизвикана од тоа што фармерите не можат да го задоволат порастот на побарувачката на пазарот. Последицата – на почетокот на годинава, цената на сланината порасна за 20%.
Залихите се намалуваат и покрај тоа што фармерите поставуваат нови рекорди во одгледувањето на свињи, според претседателот на Советот за свинско месо на Охајо.
Тамошните медиуми пишуваат дека ова е само уште еден удар врз паричниците на Американците, што се должи на данокот на увоз на мексикански производи кој го предложи Доналд Трамп, во време кога единственото можно решение за недостатокот е токму увозот.