Американски прогнози за светот во следната деценија

Во декември приватната американска компанија за истражување и разузнавање Strategic Forecasting (Stratfor) го објави својот извештај Decade Forecast во кој ги опишува прогнозите за политичкиот и економскиот развој на светот во наредните 10 години.

Додека меѓународните аналитичари често се обидуваат да ги претскажуваат главните настани во настапувачката година, Stratfor самоуверено велат дека идентификувале кои се главните трендови за претстојната деценија, иако сево ова звучи како евтина пропаганда.

Компанијата наведува дека во многу аспекти светот по 10 години ќе биде поопасно место од сега.

Американската моќ ќе се намали, а кај други водечки земји ќе настапи период на хаос и опаѓање.

Еве како ќе изгледа светот според Американците, или можеби, како тие би сакале да изгледа.

618x346

Ќе опадне моќта на Русија

„Намалената способност на Москва да ја одржува и контролира Руската Федерација ќе остави зад себе вакуум”, предупредува Stratfor.

„Она што ќе опстане во овој вакуум, ќе бидат поединечни делови од Руската Федерација”.

Казни, пад на цените на нафтата, пад на рубљата, зголемени воени трошоци и зголемена внатрешна поделеност ќе го ослабат разбирањето на централната руска власт над најголемата држава во светот.

Русија може и официјално да не се расцепи на различни држави, но власта на Москва може да ослабне до степен земјата практично да се претвори во серија од полуавтономни региони кои дури може да не се разбираат меѓусебно.

„Очекуваме моќта на власта во Москва видно да се намали, што ќе доведе до формална и неформална фрагментација на Русија”, стои во извештајот. Потоа се додава: „Малку е веројатно дека Руската Федерација ќе ја преживее сегашната форма во следната деценија”.

… А САД ќе треба да ја користат воената моќ, за да се ограничи ризикот од паѓање на руското нуклеарно оружје во погрешни раце.

Руската инфраструктура за нуклеарно оружје е истурена низ огромна географска територија. Ако политичката дезинтеграција, која ја предвидува Stratfor, навистина се случи, тоа значи дека оружјето, нуклеарните материјали и системи за производство и испорака на нуклеарно оружје може да паднат во туѓи раце.

Распрснувањето на резервите на нуклеарно оружје на Русија ќе биде “најголемата криза на следната деценија”, тврди Stratfor.

И Америка ќе треба да размисли што да направи по прашањето, дури и тоа да значи испраќање на копнени сили кои ќе дојдат до оружјето, материјалите и ракетите пред тие да паднат во рацете на терористи.

„Вашингтон изгледа како да е единствената сила, способна да го реши овој проблем, но САД нема како да ја преземат контролата над огромниот број оружје по воен пат и да се осигура дека во меѓувреме нема да биде истрелана некоја ракета”, констатира Decade Forecast.

„САД ќе се наметнат или да изнајдат воено решение кое во моментов се чини тешко за предвидување, или да ја прифатат заканата од случајни или намерни истрелувања на ракети, или да се обидат да создадат стабилно и економско одржливо управување во погодените региони за да ги неутрализираат ракетите со текот на времето “.

vladimir-putin_2759865b

Германија ќе има проблеми …

Германската економија е зависна од извозот, затоа и земјата доби од либерализацијата на трговијата во континентот. Добрите за Германија во голема мера се должат на ЕУ и еврото, но тоа исто така значи и дека државата има најмногу да изгуби од кризата на еврото и евроскептицизмот кој ќе настане како последица.

Домашната потрошувачка на земјата не може да го компензира падот на извозот во Германија, ниту прогнозираното намалување на бројот на населението. Резултатот најверојатно ќе биде стагнација, слична на онаа во Јапонија.

„Очекуваме Германија да настрада од тежок економски пресврт во следната деценија”, стои во Decade Forecast.

Freizuegigkeit-3-

… Полска ќе стане еден од лидерите на Европа

Погледнете на исток од Германија – и таму работите нема да се толку лоши.
„Во центарот на економскиот раст и зголеменото политичко влијание ќе биде Полска”, се констатира во извештајот.

Населението на Полска нема да се намалува онолку, колку што тоа ќе се случува кај други основни европски економии. Фактот дека таа е најголемата и просперитетна европска земја по западната граница на Русија, ќе ја постави и во позиција на лидер на регионот – состојба што земјата може да ја искористи за поголем политички и економски престиж.

Според извештајот, Полска може да напредува само ако го одржи долгорочно стратешко партнерство со САД – парнерство што постои и во моментов.

polska

Ќе има четири Европи …

Decade Forecast зборува за четири Европи, кои ќе зависат една од друга: Западна Европа, Источна Европа, Скандинавија и Британските острови. Сите тие ќе мора да постојат во една заедница, но нема да се толку тесно поврзани, како досега.

„Европската унија може да преживее во некоја смисла, но европските економски, политички и воени врски ќе се регулираат претежно од билатерални или ограничени мултилатерални врски, кои ќе помали по обем и понеобврзувачки”, стои во извештајот.

„Некои земји може да го задржат преостанато членство во крајно променетата Европска унија, но тоа нема да ја одредува иднината на Европа”.

2A1069FA00000578-3143346-Euro_crisis_Greek_protesters_burn_a_European_Union_flag_in_the_n-m-14_1435589923757

Турција и САД ќе треба да бидат блиски сојузници, но од неочекувани причини

Неколку арапски држави се во состојба на слободно паѓање и Decade Forecast не гледа во блиска иднина крај на хаосот. Основниот правење на сето ова ќе биде Турција – силна, релативно стабилна држава, чии што граници се протегаат од Црното Море до Сирија и Ирак.

Турција нема да има голема желба да се меша во конфликти на границите, но според извештајот неизбежно ќе биде принудена да го стори тоа. Додека силата и самодовербата на Анкара во однос на нејзините соседи расте, земјата ќе стане неопходен партнер на САД.

Но, Турција ќе сака нешто во замена: одбранбената линија против силната и агресивна држава од другата страна на Црното Море, која има бази во соседна Ерменија. Односно Турција ќе бара помош од САД да ја задржи Москва надвор од задниот двор.

„Турција ќе продолжи да има потреба од учество на САД поради политички и воени причини”, претскажува извештајот. „САД ќе се согласат, но ќе има цена за тоа: учество во ограничувањето на Русија. САД не очекуваат Турција да игра активна улога во војна – и таа самата не предвидува таква за себе. Таа сепак сака степен на соработка во контролата над Црното море “.

President Barack Obama meets Turkish Prime Minister Recep Tayyip Erdogan in Ankara, Turkey, Monday, April 6, 2009. (AP Photo/Charles Dharapak)

Кина ќе се соочи со еден огромен проблем

На Кина и претстои тешка деценија, кога економскиот раст ќе се забави, што ќе доведе до масовно незадоволство кон владејачката Комунистичка партија. Партијата, сепак нема да се либерализира, што значи дека единствениот остварлив инструмент за справување со дојдениот хаос, додека останува на власт, ќе биде зголемувањето на угнетувањето над населението.

Пекинг исто така се соочува со друг, веројатно уште поголем проблем: растот на Кина не е распределен рамномерно во географски аспект. Крајбрежните градови напредуваат, но внатрешноста на Кина има помал пристап до меѓународните пазари и е релативно сиромашна. Овој проблем само ќе се влошува кога Кина ќе продолжи да се урбанизира.

„Нема да се оправдаат очекувањата дека внатрешноста – надвор од некои делови од урбанизирани делови на Јангце – ќе го достигне истиот брз раст како крајбрежјето”, стои во извештајот.

Зголемените тензии меѓу крајбрежните зони на Кина и внатрешноста може да претходат на дури уште подлабока и морничава поделба.

Како што се наведува во извештајот, регионалната поделба е постојан извор на политички хаос во историјата на Кина.

pollution-environmental-issues-photography-china-20

Јапонија ќе ја зголеми морската сила во Азија

Јапонија со векови е зависна од увозот на определени стоки.

Кина гради сопствена екслузивна флота и може дури да стане уште поагресивна во контролирање на бродските правци во исток и Јужното Кинеско Море, како и во Индискиот Океан, од кои зависи Јапонија.

Јапонија нема да има друг избор освен да демонстрира сила во регионот, за да се спротивстави на Кина и да ги заштити своите канали за снабдување. Со намалувањето на силата на САД, таа ќе треба да го направи тоа сама.

„Сега Јапонија зависи од САД за обезбедување на пристапот“, стои во извештајот. „Јапонија ќе треба драстично да ја зголеми поморската моќ во претстојните години “.

hqdefault

Ќе има 16 мини-Кина

Кинеската економија ќе влезе во период на одложување и растот на производствениот капацитет ќе престане. Ова всушност е добра вест за некои земји. Базните производствени работни места кои Кина ги привлекуваше со леснотија, ќе мигрираат кон 16 кономии во подем со вкупно население 1.15 милијарди лица.

Значи, додека растот на Кина запира, водејќи до непредвидливи политички и економски последици, Мексико, Никарагва, Доминиканска Република, Перу, Етиопија, Уганда, Кенија, Танзанија, Банладеш, Мјанмар, Шри Ланка, Лаос, Виетнам, Камбоџа, Филипини и Индонезија ќе регистрираат подобрувања во економската состојба во следната деценија, кога повеќе производствени работни места ќе се пренесат таму.

china+migration

Моќта на САД ќе се намали

Со свет што ќе се претвори во хаотично и непредвидливо место во наредните 10 години, САД ќе реагираат на начин да се изборат со предизвиците, наместо да преземат активна лидерска улога во решавањето на светските проблеми.

Зголемената потрошувачка на локално произведена енергија, падот на извозот и безбедноста на постабилното место во светот ќе му го обезбедат на САД луксузот да може да се изолира од светските кризи.

Иако оваа порезервирана улога на САД во глобалните прашања ќе го направи светот уште понепредвидливо место, тоа е реалност, која другите земји ќе треба да ја прифатат.

„САД ќе продолжат да бидат главна економска, политичка и воена сила во светот, но ќе бидат помалку ангажирани отколку во минатото”, гласи прогнозата. „Ова ќе е хаотичен свет, со промена на основните сили во многу региони. Единствената константа ќе биде континуираната сила на САД – сила која ќе биде помалку видлива и која ќе се користи доста помалку во следната деценија”.

usa1

- Реклама -