Американски Идол од утре се враќа на екраните

Од утре (16-ти јануари), Американски Идол се враќа на екраните на FOX започнувајќи ја најновата 12-та сезона.Нема да им биде потребно многу време на љубителите на шоуто да ги воочат радикалните промени кои ги подготви тимот на Идол за годинашното издание.

Главниот ризик кој го превзедоа организаторите, беше изборот на судии кои уште пред да започне да се прикажува новата сезона започна да ги полни медиумите и предизвика низа реакции околу веќе настанатите турбуленции.

Покрај Кит Урбан, добитникот на 4 греми награди и сопруг на познатата оскаровка Никол Кидман, во составот ќе ги видиме и Мараја Кери, една од најпознатите и најпродаваните женски вокали во светот и актуелната пејачка, текстописец и раперка Ники Минаж.

Прочитајте и:  Премиера на „12“ со моќна актерска екипа како поротници

Таблоидите веќе ги најавија тензиите помеѓу двете судијки и жестоката кавга која се случила на една од аудициите во октомври, по што истата била откажана. Според пишувањата, направени се големи напори за соработка на динамичното дуо за да се истера успешна сезона.

Освен новите судии, тимот на Американски Идол се погрижи годинава да има измени и во организацијата на аудициите за да има поедноставен и поверодостоен избор.

Останатото го знаеме. Пред нас се голем број на талентирани и неталентирани уметници, од кои само еден, ќе стане новата потенцијална суперѕвезда во Америка и во светот.

- Реклама -