Како американската армија знае дали несмртоносните оружја се ефикасни а не смртоносни? Со тестирање со помош на група доброволци.
Ако имате повеќе од 18 години и живеете во околината на Њу Џерзи можете да добиете хонорар од 20 долари на час за да бидете удирани со палки и гумени топчиња! Тестирањето се одржува во едно-катна зграда позната како Target Behavioral Response Laboratory која се наоѓа на неколку километри од Picatinny Arsenal, одделението за истражување и развој на армијата.
Таму, девет член тим инженери ја проучува ефективноста на несмртоносната технлогија и уште поважно психолошката причина за нивната ефикасноста. „Не можам да насочам ласер или гласен звук во парче дрво и да очекувам да избега“ рекол Џон Риденер, технички директор на лабораторијата. „Ние мора да знаеме каков ефект технологијата ќе има врз луѓе. Се е прашање на податоци, контролирани експерименти. Што ќе се случи.“
Со таа цел армијата активно регрутира доброволци од локаните колеџи и библиотеки кои треба да поттикнуваат немири и ги плаќа по 20 долари на час со мала шанса за трајни повреди (сите тестови се надгледувани од Institutional Review Board на Picatinny). И со какви тестови се соочуваат овие доброволци?
„Во еден експеримент дваесетина доброволци добија топчиња кои претставуваат камења и им беше кажано да ги фрлаат во отвор оддалечен околу шест метри. Помеѓу доброволците и отворите стоеле еден или двајца специјалци во целосна опрема, секој вооружен со палка со обоен врв.“ Од доброволците било побарано да фрлат што е можно повеќе „камења“ зад специјалците во одредено време, со паричен бонус ако го погодат отворот.
Доброволците биле следени со сензори за движење кои ги следат и анализираат нивните движења. Изненадување е што тестот со топчињата покажал дека економската загуба (загуба на еден долар за секое промашено фрлање) е многу поефикасно во спречување на насилство од физичка болка. Значи ако сакате да спречите немири ограбете ги демонстрантите. [The Army will pay you to riot]