Американската амбасадорка на средба со Независните од ВМРО-ДПМНЕ, тема бил Законот за ЈО

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс денеска остварила средба со групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Како што информираше на својот Твитер профил, средбата била продуктивна, а се однесувала на повеќе теми, меѓу кои и Законот за јавно обвинителство.

„Денеска имав продуктивна средба со групата независни пратеници, за важноста на поддржшката за продолжување на реформите, вклучително и за Законот за јавно обвинителство, кој ги унапредува целите како владеењето на правото, транспарентноста, одговорноста и доброто владеење“, напиша Брнс.

- Реклама -