Америка не знае што е модар патлиџан

Се јавува жена од Канзас во локалната редакција и тврди дека успеала да вкрсти домат и лубеница. Ги убедува дека создала „мистериозно овошје“, „хибрид“, а овие воодушевени праќаат екипа на лице-место за да известува за чудото што кај нас е познато како… модар патлиџан.

1445016761583592846[1]

Репортажата се одвива како што претпоставувате: известувачот со фацијален израз што говори „никогаш немам видено ништо слично“ внимателно го разгледува плодот од сите агли, прашувајќи ја публиката што ли можело да биде.

1445016761667974286[1]

Ај тоа, ама киксот на екипата од тв-вестите КАКЕ останува незабележан сè до моментот кога репортерот ја носи снимката кај локалниот хортикултурист, кој пак мошне грациозно истакнува дека веројатно се работи за млад/зелен модар патлиџан. Баш штета, зашто веќе му имаа смислено и име: „watermato“ или „tomelon“…

- Реклама -