А што да прави човекот? Како што се пожали на денешната седница за пратенички прашања, веќе две седници тој не стигнува да постави прашање во име на Ромите. Лут што е ставен 16.ти по редослед, тој порача дека и тој како и сите пратеници е рамноправен и никој не може да му го одземе правото што му го дава народот:
„Јас имам прашање до МВР и до Јавниот обвинител. Две седници се мачам да го поставам и не можам да дојдам на ред. Бидете хуманитарни, дозолете ми да поставам прашње. Па јас све ви поддржавам овде, ценете ме и вие еднаш мене. Ако сакате, па да си дадам оставка“ – рече Бајрам.
Видеото погледнете го на Макфакс.
ФОТО: Цивил