Од собраниската говорница, пратеникот Амди Бајрам соопшти дека ќе продолжи да делува во Собранието независно од ВМРО-ДПМНЕ, туку само како претставник на Сојузот на Ромите.
„До денеска бев пратеник од Сојузот на Ромите во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од денеска ќе делувам како пратеник од Сојузот на Роми“, истакна пратеникот Бајрам од собраниската говорница.