„Таа има само 4 години, а веќе позира како професионален модел. Обожава да се облекува како принцеза и да става црвен кармин“, вака ја опишува својата ќерка Ања Луиз познатиот ангел на „Викториа Сикретс“, Алесандра Амбросио.
Модната кариера на малата Ања Луиз започна со ангажманот за рекламната компанија „London Fog“. Ова е втората фотосесија на долгоногата убавица Амбросио заедно со нејзината ќерка која по сѐ изгледа ќе тргне по стапките на мајка си.