Амбиентална настава во старото градско јадро во Охрид

57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК), која ќе се одржи од 16 до 29 август 2024 година во Когресниот центар во Охрид, ќе воведе нови и иновативни методи на учење.

На последната работна средба со м-р Горан Патчев, директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, беа разгледани деталите за проектот „Амбиентална настава“. Овој проект ќе започне со посета на археолошкиот локалитет Плаошник и ќе продолжи во спомен-куќата на Григор Прличев, Куќата Христо Узунов и Куќата на Робевци, кои се под управата на Завод и Музеј Охрид.

Амбиенталната настава ќе ја водат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Кристина Николовска и ќе продолжи во:

  • Манастирскиот комплекс „Свети Наум“
  • Вевчани
  • Спомен-куќата на браќата Миладиновци во Струга

Овој нов пристап ќе овозможи студентите да стекнат практично искуство во непосредна средина и да се запознаат со богатото културно наследство на Македонија.

- Реклама -