Амбасадорот Тимоние: Нема да се оценува Преспанскиот, туку условите што треба да се исполнат

Треба да се внимава како се пренесуваат пред јавноста доверливи информации искажани после појадок, за теми кои заслужуваат повеќе од само шпекулации, порачува францускиот амбасадор во земјава – Кристијан Тимоние, по изјавите по појадокот на министрите за надворешни работи во понеделникот во Брисел, според кои кај одредени западноевропски земји, како Франција и Холандија, сè уште постои отпор кон проширувањето на Европската унија и скептицизам за почетокот на преговорите на Северна Македонија.

Земјите членки ќе го чекаат извештајот на Комисијата во врска со реформите во областа на судството, тајните служби, јавната администрација и борбата против корупцијата, како што беше договорено на Советот во јуни 2018 година, ја појаснува Тимоние во интервју за „Вечер“ изјавата на француската министерка за европски работи – Натали Лоазо, при нејзината посета на Скопје.

„Повеќето закони од овие области сè уште се во Собранието. Договорот од Преспа беше поздравен од страна на француските власти бидејќи овозможи да се отстрани една значајна пречка од страна на една земја членка, но тој не влегува во оценувањето на условите што треба да се исполнат за отворање на преговорите“, потсетува амбасадорот.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

- Реклама -