Амбасадорот кој уште во 2017-та предупредил на лажниот Порошенко: Немам сомнеж дека се руски агенти

Уште во 2017 година претставници на македонските безбедносни служби и членови на кабинетите на претседателот и министерот за надворешни работи биле предупредени дека одредени ликови лажно се претставуваат како украинскиот претседател Петро Порошенко и телефонски се јавуваат на државници во обид да ги насанкаат. Тоа лично го направил на средба со нив тогашниот украински амбасадор во Македонија – Јуриј Гончарук, вели тој во изјава за порталот „МКД.мк“.

За него нема сомневање дека пранкерите Вован и Лексус, кои, како што вели, секаде го пикаат носот, се всушност припадници на (руските) специјални служби. Целата изјава на ЛИНКОВ.

 

- Реклама -