Малата Харпер Севен уште од мали нозе е присутна на најважните модни настани. Викторија Бекам не ја остави дома ниту за модната недела што се одржува во Њујорк, а на која поранешната пејачка ќе ја има својата втора ревија.
Со оглед на тоа што едногодишната Харпер е многу мала за креациите на мајка ѝ, таа излгеда преслатко во тренди чизмите и капутчето со крзно.
Викторија,пак, е облечена во нејзиниот препознатлив стил со црни тесни фармерки, потпетици со анимал принт и долг црн капут.