Скопје, 9 номеври 2021 (МИА) – Централното раководство на Алтернатива вечерва одржува состанок откако денеска пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата, ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.
Портпаролот на Алтернатива – Орхан Муртезани, изјави дека дебатите траат и во овој момент, рече, немаат никаква одлука, но дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.
„Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имаме, тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива“, рече Муртезани.
Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтенатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини и Хусни Исмаили.