„Алсат“, од владини извори: Пензиите ќе пораснат за 700 денари

На само два дена пред да почне со работа техничката Влада за предвремените избори во април, покачување ќе има и на пензиите, дознава „Алсат“ од извори од владата.

Имено, најверојатно од 1 јануари 2020-та, пензиите за сите корисници ќе се зголемат за 700 денари, а за таа намена ќе бидат обезбедени дополнителни 44 милиони евра годишно, пишува порталот.

Со тоа станува јасно зошто во нацртот на предлог-буџетот ставката за трансфер на пензии е покачена за дополнителни 64 милиони евра повеќе во споредба со 2019 година, иако Министерството за труд и социјална политика барало зголемување од само околу 18 милиони евра – дилема што ја објави и на чиј одговор инсистираше токму „Алсат“.

 

 

- Реклама -