Во јавноста се шпекулира и се изнесуваат разни мислења, експертски и лаички, за тоа дали претседателот Ѓорге Иванов смее да ги амнестира осудените за 27 април. Иако медиумите прашуваат, од кабинетот на претседателот молчат – не откриваат дали и колку од осудените побарале амнестија.
Сепак, како што алудира „Алсат“, можеби главното прашање не е дали може, туку како Иванов би го извел помилувањето без да го погази досегашниот свој цврст принцип на неприфаќање на новото име на државата наложено од Преспанскиот договор. За да има нова амнестија и указите да бидат објавени во Службен весник, Иванов ќе треба да ги потпише под името „Република Северна Македонија“. Доколку ги потпише под „Република Македонија“, ќе бидат неважечки, а ќе го прекрши и Уставот. Подетално на „АЛСАТ“.