Алпаки е припитомен вид на јужноамерикански животни од фамилијата камили, физички слични на ламите само многу помали. Најчесто се одгледуваат заради нивните влакна кои се користат за производство на волна и ткаенина.
Значи за што зборуваме? А, да, за косата… Алпаките имаат најкул фризури. Ги има во секакви бои, нијанси, должини и текстури. И што е најважно, целосно се природни.