Фудбалерот на Реал Мадрид, Чаби Алонзо за шпанските медиуми изјави дека воопшто нема пријателски однос со својот соиграч Кристијано Роналдо, иако како што вели максимално се почитуваат.
„Меѓу мене и Роналдо постои чисто професионално почитување. Не може во клубот секој со секого да биде пријател. Јас немам некој пријателски однос со Роналдо надвор од соблекувалната. Може само да кажам дека Кристијано не е некоја ’дива’ како што многумина го нарекуваат. Како и да е, тој е многу важен за Реал“ вели Алонзо, кој има серија пофални зборови за тренерот Жозе Мурињо.
„Мурињо е навистина прекрасна личност. Тој максимално се грижи за секој од нас. Луѓето се лажат кога мислат дека многу добро го познаваат со тоа што гледаат како реагира кога седи на клупата или преку прес-конференциите. Напротив, тој е многу поинаков од тоа како се претставува“ вели шпанскиот репрезентативец.