АЛКАЛОИД СТАНУВА ПАРТНЕР НА СОС ДЕТСКО СЕЛО 

СОС Детско село – Северна Македонија е дел од интернационална организација којашто работи во 136 земји во светот веќе 70 години и е посветена на помош и на поддршка на најранливите – децата. 

СОС Детско село е организација којашто во моментов се грижи за повеќе од 394 деца и млади кои се без родители/родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Oд згрижувањето на првото дете во 2002 година, СОС Детско село во земјава има помогнато на стотици илјади деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство. Во минатото, Алкалоид АД Скопје во неколку наврати ја има поддржано оваа организација.  

„Навистина ми е драго што сме овде денес да го означиме почетокот на една нова стратешка соработка со СОС Детско село. Започнуваме со именување на една од куќите на овој локалитет во куќа Бекутан, а во пресрет на 45годишниот јубилеј на овој наш детски бренд, имам чест да најавам дека соработката со СОС Детско село ќе продолжи и во текот на цела 2023 година во проширена форма.“ – изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје 

Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакна дека т.н. „кумство“ на куќата Бекутан, освен финансиска поддршка, подразбира и градење искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во Алкалоид АД Скопје, посочувајќи ја грижата за децата како основна цел на двата ентитети, секој на свој специфичен начин:  

„Нашите заеднички активности во текот на годината којашто следува ќе се одвиваат под мотото ’СЕКОЕ ДЕТЕ Е НАША ГРИЖА‘. Благодарни сме за ова стратешко партнерство кое ќе ни помогне во обезбедување втора шанса за безгрижно детство на многу дечиња!“ – изјави Накова Гапо.  

Во куќата Бекутан има 4 деца на возраст од 4 до 12 години и една младинка од 15 години којашто транзитира во младинска куќа. СОС Детско село во населбата Ченто има дванаесет куќи во коишто се сместени 59 деца до 14 години. Организацијата функционира со помош на донации од индивидуалци, компании, институции и на разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на децата коишто се згрижени во СОС Детско село. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/. 

АЛКАЛОИД АД

- Реклама -