Специфичната и речиси недопрена природа говори дека Алјаска е една од оние земји кои треба да ги посетите барем еднаш во животот, а инаку Алјаска им плаќа на луѓето кои ќе се одлучат постојано да живеат таму.
Алјаска е полуостров на северозапад од Северна Америка, воедно и 49. држава на САД. Сместена е северозападно од Канада, а ја опкружуваат Беринговото Море и Арктичкиот Океан. Крајбрежјето е преполно со фјордови, каде што се сместени многу национални паркови и природни феномени. Нејзината важност се гледа во стратешката положба, големото рудно и шумско богатство, риболов, наоѓалишта на нафта и скапоцени камења, исто така злато и сребро. Златната грозница, што натерала многу луѓе да бараат злато во Аљаска, во текот на втората половина на 19. век, ја овековечил писателот Џек Лондон.
Ако не сте зимурливи, не ви пречи зимата и поларните мечки, можеби оваа програма за населување, која воедно е и најпозната ширум светот, е вистинската работа за вас.
Имено, Алјаска им плаќа на луѓето кои ќе се одлучат постојано да живеат таму.
Нормално, за да добиете пари, најпрвин мора да докажете дека сте се преселиле трајно. А кога ќе го направите тоа, можете да очекувате и до 18.000 долари секоја година, безповратни.
Потребно е секоја година на Алјаска да поминете минимум 190 дена и да не сте осудувани, па така еднаш годишно ќе добиете чек за живеење во оваа земја.