Алијансa: Посветено ќе продолжиме да се залагаме за укинување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот

Алијансата за Албанците е посветена и ќе продолжи да се залага и во иднина да го реши и отстрани овој наратив за Албанците, а во Уставот да стои само „албански јазик“, истакнуваат од партијата преку соопштение во врска со формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“.

Од партијата посочуваат дека в.д. претседателот Арбен Таравари ги повикал сите партии да седнат на маса.

„Ние бевме и сме за соработка со сите политички партии со единствена цел да го решиме овој проблем. В.д. претседателот на АА, Арбен Таравари, ги повика сите партии да седнат на маса и ние сме подготвени да седнеме ден поскоро, кога сите ќе бидат подготвени“, велат од партијата.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата
- Реклама -