Алијанса и Алтернатива за „Монструм“: Полицијата го спречи правото на протест и испровоцира непредвидлив инцидент

* Реакција на Алијанса за Албанците и Алтернатива на Зијадин Села и Африм Гаши, по повод денешните настани поврзани со случајот и пресудите во „Монструм“ 

На денот кога мирен протест беше најавен против одлуката за монтираниот политички случај „Монструм“, полицијата на Оливер Спасовски се погрижи да го спречи овој протест и дури, со забрана на реквизитите на демонстрантите, да испровоцира непредвидливи инциденти. И покрај барањата на организаторите – семејствата на осудените во случајот, кои претходно го најавија протестот во Министерството за внатрешни работи, полицијата – со голем број возила и специјални сили – не го ослободи патот и ги спречи демонстрантите да пристигнат на нивната дестинација.

Како што знаеме, секаде во светот демонстрантите се тие кои одлучуваат каде сакаат да протестираат и во секоја демократска земја во светот тие, покрај известувањето на полицијата, немаат други обврски. Оттука, за коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, денешните сцени на ограничување на правото на протест се и доказ дека по крајот на режимот Груевски-Ахмети, на повидок е нов режим на Заев-Ахмети.

Како и бандата на Груевски некогаш, и денес полицијата, наместо да е на страната на граѓаните, ги спречи граѓаните во изразувањето на слободната мисла и правото на мирен протест. Овој феномен се нарекува диктатура, ни помалку ни повеќе. И такви сцени денес гледаме само во Белорусија, Венецуела и Русија. Дали ова зборува за нови алијанси на овој режим или или е само разгибување мускули на сметка на Албанците, тоа треба да го објаснат оние кои ја користат полицијата на народот против народот.

Прочитајте и:  Алијанса за Албанците: Итно се потребни предвремени парламентарни избори

Како и да е, пратениците од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива беа таму денес за да изразат поддршка за протестот и ништо повеќе Дури и како што сите видовме, тие помогнаа да се смири зовриената крв со тоа што беа блиску до народот и за правата на народот.

Меѓутоа, ние сега сме убедени дека само актерите се сменети во Северна Македонија, додека сценариото и сценаристите се истите. Оттаму, исто како што го срушивме режимот на Груевски-Ахмети, наша должност е да го срушиме и овој режим, бидејќи не постои друг спас од диктатура.

- Реклама -