Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села и Алтернатива предводена од Африм Гаши, ја прифаќаат поканата на лидерот на ДУИ – Али Ахмети, за средба на лидерите на секоја од политичките партии од албанскиот блок.
„Политичкиот механизам на заедничка средба е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и, како таков, сметаме дека треба да продолжи да се култивира за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија“, посочуваат од партијата, информира „ТВ21“.
Сепак, коалицијата бара однапред утврдена агенда за она што ќе се разговара на средбата, со цел, како што велат, да има суштински и плоден состанок, но и да се разгледа можноста средбата да не се одржи утре (на денот на потпишување на охридскиот Рамковен договор во 2001 година), туку на некој друг датум, по 17 август.