Али Ахмети стана почесен доктор на Тетовскиот универзитет

Лидерот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети, доби признание почесен „Доктор Хонорис Кауса“ од Државниот универзитет на Тетово, објави Наставно-научниот совет на правниот факултет.

„Согласно член 184 од Законот за високо образование на Република Северна Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. Д-р Вулнет Амети за доделување на титулата Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети“ гласи во соопштението.

Претседател на Комитетот за доделување на признанието е професоро Вулнет Амети, а членови се Шезаи Рокај и Арсими Бајрами.

- Реклама -