Македонскиот модел, Александра Накова, најпозната по учеството во реалното шоу Survivor, решила да искаже личен став преку тетоважа. Отишла во студиото „Темпл оф инк“, каде што напишале: “People is awlays talk so lets give them sumthin to talk about”.
Лошата работа при користењето Google Translate е фактот што граматиката речиси никогаш не е погодена како што треба и фразите најчесто звучат како реплики на руски мафијаши во третокласни американски филмови. Како и во овој случај: „Луѓето е олејс зборување, па да им дадеме сумтин да зборуваат околу тоа“.