Александра Брковиќ го напушти X factor без збор

 

Вчера на X factor се случи големо изненадување кога по завршувањето со сите настапи, водителката Ана, најави дека двајца натпреварувачи ќе го напуштат шоуто.

 

Сето тоа се одвиваше толку брзо, што веќе во следната секунда по најавата шоуто го напушти Александра Брковиќ и тоа, без дуел.

Како што објасни Ана таа имала најмалку гласови од публиката и си заминува без втора шанса.

Неблагодарно беше што дури немаше ни можност да изјави било што после одлуката ( како што е секогаш, со сите) , туку се повлече од сцената, па продолжи исчекувањето кои двајца натпреварувачи ќе останат на двобој.

Во тој контекст останаа Маид од групата на Жељко и Алекса од групата на Емина.

По излегувањата со нивната „песна за спас“, жирито повторно беше со изедначен број на гласови, па публиката му пресуди на Алекса, кој веќе е  познат како латино заводникот.

Тој во текот на вечерта изјави дека му напишал песна на Даниел, па се надеваме дека ќе успее да гради музичка кариера како пејач и автор во иднина.

За потсетување, натпреварувачите вчера пееја филмски музички нумери.

 

- Реклама -