Почна отстранувањето на буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аередром „Александар Велики“.
Активноста се спроведува како резултат на владината одлука од 4 февруари за преименување на скопскиот аеродром. Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport).
Веќе е во процедура и менување и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.
Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.