Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ утре вечер, 18.07.2024г. (четврток), ќе биде отворена изложба насловена „Алегории“ на Игор Поп Трајков во 20:30ч. во Дом на култура „Кочо Рацин“.
Игор Поп Трајков е магистер по филмска и телевизиска режија, а од неодамна и доктор на науки по културни студии. Несомнено знаењето, повеќезначноста заземаат голем простор во неговото творештво, а особено во оваа изложба. Чувството за хумор е исто така важно кога треба да се оствари некаков сериозен опус- мисли Поп Трајков, а тоа е согледливо и во неговата последна самостојна изложба „Алегории“, каде тој го третира ова старо изразно средство на современ начин и со многу иронија.
Некои од интернационалните врвни моменти на Игор Поп Трајков:
– Повеќекратен учесник на Weather Photographer of the Year contest, на Royal Meteorological Society
– Во официјалната селекција на биеналниот натпревар за најдобар театарски постер Postercontest (2020) во Украина со неговиот дизајн за Шест степени на разделување од John Guare
– Преведување визуелна драматургија – сценографски елаборати, онлајн изложба на група сценографи од Скопје 2019, под менторство на Јан Папелбаум, сценографија за Дивата патка на Ибзен
– Grid, Window (дигитален колаж) на фестивалот Litterateur Rw Global Literature Conclave 2021 во Индија
– A Learning Child (дигитален колаж) во Immagine & Poesia Vol. 8 2022 (уметнички журнал, Италија)
– Mојата куќа (дигитален колаж) во About Place Journal 2022, САД
– Ние правиме деца (дигитален колаж). LATRODECTUS HESPERUS (дигитален витраж), Русокоса со друштво (дигитален цртеж) во Quadernetti Poetici бр. 21, 22 2022 (уметнички журнал, Италија)
– Дизајн за корица на Poetry Reading Online – An anthology from around the world 2022, (стихозбирка Швајцарија)
– Водената кучка, Одмарање (дигитални цртежи), Грант, Играј војна (дигитални слики) се објавени во REVISTA POÉTICA AZAHAR (2022/24) (уметнички журнал, Шпанија)