Претседателот на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) Илиријан Целибаши соопшти дека до Комисијата за жалби и санкции упатил барања за изрекување парични казни за градоначалници, претставници на министерства и директори на училишта, кои во изборната кампања користеле јавни ресурси.
-ЦИК бара парична казна за 20 градоначалници бидејќи користеле јавни ресурси за водење изборна кампања. Казни се побарани и за пет генерални секретари во пет министерства како и за двајца директори на училишта, стои во објавата на веб страната на ЦИК.
Според медиумите Комисијата за жалби и санкции ќе одржи седница денеска, но повеќе од јасно е дека ќе даде позитивен одговор на барањето на ЦИК, бидејќи забрането е корисење на јавни ресурси за време на изборна кампања.
МИА