Активисти на Greenpeace упаднаа во нуклеарна централа и испукаа огномет

Осум активисти на еколошката организација Greenpeace упаднаа во кругот на нуклеарната централа Катеному, во источна Франција, и испукаа огномет. Освен протест против зависноста на Франција од нуклеарната енергија, целта им била да укажат и дека нуклеарните централи се ранливи и дека има потреба од подобра заштита на нуклеарниот отпад.

Француската електро-компанија EDF соопшти дека акцијата на Greenpeace немала никаков ризик врз безбедноста на централата

Јаник Русле – портпаролот на Greenpceace, изјави дека нивните активисти стигнале на 100 метри од отворените базени со нуклеарен отпад, и со тоа укажале на безбедносните ризици. Организацијата лобира Франција да изгради специјални бункери над базените со нуклеарен отпад.

Владата на претседателот Емануел Макрон вети дека ќе го зголеми обемот на користење на обновливи извори на енергија и дека ќе ја намали зависноста од застарените нуклеарни централи, кои во моментов се извор на најголемиот дел од електричната енергија во Франција.

- Реклама -